Испечати

Медаљони од мисиркино мелено месо и ленти чадена сланина

Медаљони од мисиркино мелено месо и ленти чадена сланина

Состојки

  • 300гр мисиркино мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 1 јајце
  • 1 парче двопек +70 мл млеко
  • Мајчина душичка
  • Сол, бибер, зачин
  • 100гр танки ленти чадена сланина
  • Малку масло, некоја капка

Подготовка

Подготовка

1. Во сад прво го потопуваме парчето двопек со млекото. Кога ќе омекни, со рака го процедуваме.
2. Во сад ги ставаме сите состојки за медаљоните и убаво смесата ја месиме со рака. Оставаме во фрижидер да се спојат вкусовите. Потоа ја делиме смесата на 5,6 парчиња.
3. Во тањир, вкрстени, ставаме по 2 парчиња сланина. Од првото парче смеса формираме медаљон, го ставаме врз сланината. Краевите ги внесуваме навнатре, формираме пакетче.
4. Ги редиме во тава во која има некоја капка масло. Ги печиме 10,15 минути од едната страна, па ги превртуваме од другата страна и печиме уште 10 минути.
Сервираме топли.

1798 рецепт