Лебот искинете го на мали парчина и натопете го со малку вода да омекне.
Во сад ставете го месото, кромидот, јајцето, содата и зачините. Лебот истиснете го од водата и додајте го во месото. Убаво измесете да се изедначи смесата, потоа додајте го кашкавалот и повторно измесете ја.
Покриена оставете ја во фрижидер најмалку 2 часа да се спојат вкусовите или ако сакате направете ја и од вечер.
Смесата од месо поделете ја на 8 дела и од секој дел направите ќофтиња малку повисоки одприлика околу 1,5 см. Околу нив ставете по една лента сланина како обрач.
Наредете ги во плех со хартија за печење и одозгора попрскајте ги со малку масло.
Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 40-45 мин. да добијат црвенкаста боја.
Послужете ги топли со прилог по желба и салата. Кај мене е компири печени со путер и рузмарин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани