За срца
Бисквити се мелат на блендер, се додава растопен путер, млеко и боја. Се меси со рака.
Од смесата направете форма на јаготки, а во средина направете дупка за да испадне форма срце.
Во сад се става мешавина за тесто, јајца, вода и зејтин. Се меша со миксер додека не се изедначи смесата и се добие тесто. Се става една лажица чоколадни капки и се меша со лажица.
Во сад за мафини се росподелуват хартиени калапи. Се става од смесата по една лажица и се пече 10 минути на температура 180 степени. Извадете ги ставете во средина срцата и доставете од останатото тесто за мафини. Печете уште 20 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани