Испечати

Мафини со срце (за денот на вљубените)

Мафини со срце (за денот на вљубените)

Состојки

  • 1 паковање мешавина за мафини Фантазија
  • 2 јајца
  • 100 мл зејтин
  • 75 мл вода
  • 300гр бисквити Винчини
  • 50 гр путер
  • 5 лаж млеко
  • 1 црвена боја
  • 150 гр шлаг за матење

Подготовка

За срца
Бисквити се мелат на блендер, се додава растопен путер, млеко и боја. Се меси со рака.
Од смесата направете форма на јаготки, а во средина направете дупка за да испадне форма срце.
Во сад се става мешавина за тесто, јајца, вода и зејтин. Се меша со миксер додека не се изедначи смесата и се добие тесто. Се става една лажица чоколадни капки и се меша со лажица.
Во сад за мафини се росподелуват хартиени калапи. Се става од смесата по една лажица и се пече 10 минути на температура 180 степени. Извадете ги ставете во средина срцата и доставете од останатото тесто за мафини. Печете уште 20 минути.