17
сеп
2013
Мафини со слатко од цреши
Со жица за матење изматете го јајцето со шеќерот.
Потоа додајте го млекото, растопениот путер, брашното измешано со пецивото и прстофат сол.
Убаво измешајте со жицата.
Секоја празнатина од калапот за мафини премачкајте ја со путер и набрашнете.
Во секоја вдлабнатина ставете од смесата, а одозгора ставете по 3 цреши од слаткото.
Печете на 180 степени, 20 минути.
Од оваа доза излегуваат 12 мафини.
Лиценца: Сите права се задржани