Мафини со боровинки и јогурт
Подготовка:
1. Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Во еден сад измешајте ги половина од брашното, шеќерот, пецивото, сол, кората од лимон и боровинките (неколку оставете настрана).
2. Во друг сад со жица изматете го јајцето со шеќерот. Додајте го млекото, јогуртот и растопениот и оладен путер. Изматете убаво да се соединат состојките. Вака изматените течни состојки додајте ги во садот со сувите состојки. Измешајте и постепено додајте го преостанатото брашно.
3. Во калапот за мафини наредете хартиени корпички. Полнете ги по 3/4 од смесата. Одозгора ставете ги боровинките, претходно оставени настрана.
4. Рерната намалете ја на 190 степени и ставете да се печат. Печете ги околу 20 минути. Откако ќе бидат подоладени по желба посипете ги со шеќер во прав.
Лиценца: Сите права се задржани