
9
ное
2014
Мафини со боровинки и црно чија семе
Чија семето денес зема се поголема популарност и на нашето поднебје. Многу е добро за организмот бидејки содржи висок процент на магнезиум,одлично е за спортисти и на организмот му дава голема ситост затоа ги користат и за диети.
За мафините најпрво ги биеме јајцата заедно со шеќерот и го додаваме млекото,маслото и потоа брашното заедно со пецивото.На крај додаваме и од чија семето.Сместа ја ставаме во калапите и потоа ставме и боровинки.Печеме на 190 степени околу 20 минути.Кога ќе се изладат наросуваме шеќер во прав.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови