Кога сакате да направите вкусни ќофтиња, но без да ги пржите, еве една моја спонтана идеја да подготвите ќофте мафини. Едноставно, ги подготвувате, ги ставате во калапот за мафини и само чекате да се испечат.

1. Содржината од Фант вреќичката се меша со 100 мл. млака вода, се остава да стои неколку минути, а потоа се става во меленото месо заедно со малку сечкан магдонос и се меша убаво. Се става и презлата и пак се меша.

2. Претходно сварениот морков се сечка на коцкички. Ако се користи свеж грашок и тој се обарува. Од сланината се одделува меснатиот дел и се сечка на коцки.

3. Калапот за мафини се намастува, во секој отвор се става по малку од смесата со мелено месо и Фант мешавина, се става по малку сецкан морков, грашок и коцки сланина. Се дополнува со месо, се премачкува со масло, се посолува со сусам, а врз сусамот се посолува со малку мелени семки од тиква.

4. Се пече на 200 степени 30 минути и уште 10 минути на 180 степени.

Се служат топли со додатоци и гарнир по желба, а исто се вкусни и изладени.
Е сега баш и немаат форма на ќофте, ама имаат убава форма на месни мафини.
Сусамот и мелените семки од тиква, ги прават уште повкусни.
Додатете си и други состојки по вкус, како сечкан кашкавал, печурки, кулен и др.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани