Испечати

Мафини од месо

Мафини од месо

Состојки

  • 500 гр. мелено месо (телешко и свинско)
  • 1 кесичка Фант за ќофте
  • малку сечкан магдонос
  • 2 лажици презла
  • 1 морков (поголем)
  • 5-6 лажици грашок
  • 50 гр. чадена сланина
  • малку сусам, малку мелени семки од тиква, масло

Подготовка

Кога сакате да направите вкусни ќофтиња, но без да ги пржите, еве една моја спонтана идеја да подготвите ќофте мафини. Едноставно, ги подготвувате, ги ставате во калапот за мафини и само чекате да се испечат.

1. Содржината од Фант вреќичката се меша со 100 мл. млака вода, се остава да стои неколку минути, а потоа се става во меленото месо заедно со малку сечкан магдонос и се меша убаво. Се става и презлата и пак се меша.

2. Претходно сварениот морков се сечка на коцкички. Ако се користи свеж грашок и тој се обарува. Од сланината се одделува меснатиот дел и се сечка на коцки.

3. Калапот за мафини се намастува, во секој отвор се става по малку од смесата со мелено месо и Фант мешавина, се става по малку сецкан морков, грашок и коцки сланина. Се дополнува со месо, се премачкува со масло, се посолува со сусам, а врз сусамот се посолува со малку мелени семки од тиква.

4. Се пече на 200 степени 30 минути и уште 10 минути на 180 степени.

Се служат топли со додатоци и гарнир по желба, а исто се вкусни и изладени.
Е сега баш и немаат форма на ќофте, ама имаат убава форма на месни мафини.
Сусамот и мелените семки од тиква, ги прават уште повкусни.
Додатете си и други состојки по вкус, како сечкан кашкавал, печурки, кулен и др.
На здравје!