Мафини - новогодишни елки
Време е за новогодишни декоративни мафини....
Со помош на жица за матење измешајте ги сите состојки по ред. Калапите за мафини полнете ги 3/4 од волуменот.
Печете на 150 степени 20-тина минути.
Додека се печат мафините, исечете ги бананите на парчиња од по 2см во вид на конуси (како што се краевите).
Потгответе 2 пакетчиња шлаг пена со тоа што ќе употребете половина од количината млеко која ја пишува на паковката и ќе ставете зелена прехрамбена боја.
Кога ќе бидат готови мафините, поставете ги бананите на нив и со помош на шприц декорирајте околу парчињата банани. На крајот декорирајте со мрвици или украсни бонбони по желба.
Филџан -125мл
(Од оваа доза излегуваат 24 мафини)
Лиценца: Сите права се задржани