Мармалад од шипки и јаболко
Најизмачувачки е процесот на спремање на овај вид мармалад ама предизвикот беше голем, годинава изобилува со многу шипки. Најпрво се припремаат самите шипки кои откако се соберат треба да отстојат 2-3 дена после се чистат од шишки, се варат долго, долго во вода која треба да ги покрива 1 прст при самото ставање во садот. Се варат додека убаво не се омекнат.
Најпрво се поминуваат да се пасираат низ метално сито, така ќе се одделат коските (ова важи само доколку немате машинка-исто како мене), потоа се пасираат преку газа, убаво се стегаат и по третпат се цедат преку газа само што кога многу ќе згусни кашата се долева по малку вода за да ја разреди оти невозможно е да помини низ газата така. Со самото пресување се отстрануваат коските и влакненцата од шипките.
На ред е шеќерот кој се става на килограм чиста цедена каша по 300-350 гр. зависно колку благ сакате да биди. Измерете колку ви е потребно, па оставате настрана, се додава кога смесата од шипки на оган е скоро изварена 1/3, тогаш заедно со шеќерот се додава и ренданото јаболко. Ми беше речено дека јаболкото допринесува за конзистенцијата и варете додека не почне да создава ,,пат,, на дното на садот каде се вари или сеопфатно на оваа количина околу 1 саат од самиот почеток. Се тура врел во врели теглички. Ова за мој вкус е еден од поубавите мармалади, освежителен со благо кислкаста нота.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови