Мармалад од смокви
Полесно и не може да биде. За кратко време имате вкусен домашен мармалад, одличен за јадење и за во разни штрудли, торти, колачи.
Количината на шеќер е променлива во зависност од смоквите и колку сакате да биде благо.
1. Смоквите измијте ги и отстранете им ги врвчињата, па измелете ги на машина за мелење. Ставете во соодветен сад, ставете го шеќерот, промешајте и ставете на шпорет. Кога ќе зоврие, намалете на најтивко и мешајте почесто да не залепи. Доколу правите 1 доза времете на варење е 35-40 мин. Треба да се добие темно кафена (карамел) боја.
Теглите ставете ги во рерна малку да се загреат, па потоа ставете го готовиот мармалад во теглите и убаво затворете ги. Завиткајте ги да бидат топли и оставете да седат (најлесно преку ноќ до сабајле) па потоа одвиткајте и складирајте кај останатата зимница.
Единствена маана е што од 1 доза излегуваат 2 мали теглички.
Добар апетит =)
*Смоквите што ги имав беа доста зрели и благи па за 1 доза употребив 200гр. шеќер.
Лиценца: Сите права се задржани