Манти со мелено месо и тиква
Манти е традиционално, главно месно јадење на народите од Централна Азија, Калмикија, Турција, Монголија, Кореја, Татарстан, Башкортостан, Крим, Киргистан, Казахстан, Узбекистан и Кина, кое се состои од ситно сецкано месо завиткани во тенко тесто. Се варат во специјално наменето тенџере за манти на пареа.
1. Во просеано брашно додајте сол, зејтин со топла вода замесете тесто. оставете го на 15 минути да одмори.
2. Мелено месо посолете го, додајте црн бибер. Кромидот ситно исечкајте го додајте го во мелено месо. Тиквата исечете ја на коцки и додајте ја кај меленото месо. Магдоносот ситно исечкајте го исто и додајте го во мелено месо. Се убаво промешајте.
3. Од тестото направете мали топчиња, секое топче танко расукајте го, ставете фил од мелено месо и завиткајте.
4. Мантите наредете ги на решетка, решетката ставете ја во тенџере каде врие вода, така ке се варат на пареа, затворете го капакот и оставете 20 минути.
Готовите манти извадете ги во чинија, по желба можете да декорирате со кромид и морков врз нив.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани