Супа од тиква со мелено месо
Хокаидо тиквата нема потреба да се лупи, се вари заедно со лушпата. Количината на вода во рецептов, можеби ќе треба да се прилагоди доколку користите друг вид на тиква.
Тиквата измијте ја, пресечете ја на половина, исчистете ја од семките и исечете на мали парчиња/коцки. Морковот, компирите и кромидот излупете ги и исечкајте ги. Се заедно ставете во едно длабоко тенџере, додадете зејтин и ставете да се пржи додека кромидот стане стаклест. Додадете ја водата и коцките супа, насолете и набиберете на вкус и оставете да зоврие. Намалете температурата на средна, поклопете со капак и оставете така да се крчка околу 20 минути или додека зеленчукот да омекне.
За тоа време, во едно тавче загрејте неколку лажици зејтин и ставете го меленото месо да се пржи, при тоа убаво иситнете го. Насолете и набиберете на вкус. Една минута пред крајот додадете го младиот кромид исечкан на прстени. Пржете сосема кратко, колку само да овене кромидот. Тргнете на страна.
Готовата супа измиксајте ја со рачен/штабен миксер. Ставете од супата во тањири, одозгора ставете по една полна лажичка кисела павлака и наросете со по неколку лажици од меленото месо.