Тиквата измијте ја, пресечете ја на половина, исчистете ја од семките и исечете на мали парчиња. Морковот, компирите и кромидот излупете ги и исечкајте ги. Се заедно ставете во едно длабоко тенџере, додадете зејтин и ставете да се пржи додека кромидот стане стаклест.
Додадете ја водата и коцките супа, насолете и набиберете на вкус и оставете да зоврие. Намалете ја температурата на средна, поклопете со капак и оставете на тивко да врие околу 20 минути или додека зеленчукот да омекне.
За тоа време, во едно тавче загрејте неколку лажици зејтин и ставете го меленото месо да се пржи, при тоа убаво иситнете го. Насолете и набиберете на вкус. Една минута пред крајот додадете го младиот кромид исечкан на прстени. Пржете сосема кратко, колку само да овене кромидот.
Готовата супа измиксајте ја со рачен миксер.
Ставете од супата во тањири, ставете по една полна лажичка кисела павлака и две лажици од меленото месо.

Хокаидо тиквата нема потреба да се лупи, се вари заедно со лушпата. Количината на вода можеби ќе треба да се прилагоди доколку користите друг вид на тиква.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани