Во вангличка со миксер 2-3 минути се мати салото, па се додаваат 2 втасани квасеци во млакото млеко, 6 жолчки, 800 гр брашно.

Фил
Се матат 4 белки со 200 гр шеќер, се додаваат мелен орев, суво грозје и цимет.
Убаво се измесува тестото со рака и се кинат мали топчиња кои се расплескуваат на дланката, се полнат со по една лажичка фил и се собираат краевите. Се редат во плех се печат, се ладат и се солат со шеќер во прав.
Две белки ќе ви останат, па искористете ги во друго нешто.
Овие колачи и кога ќе одстојат ден, два се многу убави

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани