Сварете ги макароните по стандардна процедура.

Во поголема тава најпрво кратко запржете го кромидот, па додадте го меленото месо. Кога убаво ќе испржи, додадете го брашното кратко да запржи, па прашокот за болоњезе сос, па постепено мешајќи додададете ја водата или ако сакате предходно рстворете го во неа. Кога за кратко време ќе згусти, додадете го и доматното пире. Гответе до посакуваната густина, зачинете и потоа тргнете ја тавата од оган, па додадете го кашкавалот изрендан, промешајте и сосот е спремен.

Во чинија најпрво сервирајте ги варените макарони и одозгора полејте ги обилно со сосот. Најгоре, по желба наросете рендан пармезан.
Прашокот за болоњезе сос не мора да го користите, ако не сакате или немате. Тогаш, наместо рамна употребете преполна лажица брашно и појачајте ги зачините или ставете пола лажица брашно со пола пакетче прашок за болоњезе како во мојот случај.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани