Македонска тава со гравче
Ситното гравче е нашето најслатко јадење. Обично го варам во грне, но еве и некои други идеи за подготовка.
Пред се да кажам дека ја истурам првата вода од варењето.
Во следната вода која се вари додавам ловоров лист. Ова го правам многу одамна затоа што слушнав дека ловоровиот лист ја намалувал надуеноста во стомахот.
Додавам еден патлиџан помал и еден морков. Кога е варен гравот ги пасирам.
Откако ќе се свари гравчето, ја правам запршката. Потпржувам кромитче, а потоа додавам ситно сецканите или мелени ореви. Пропржувам убаво, па додавам брашно, а на крајот црвениот пипер. Полевам во тавата со грав и промешувам убаво. Зачинувам со мешан зачин нане бибер, а додавам и потпечена сува пиперка. Промешувам се добро и оставам да се потпече во рерна. Моите дома не го сакаат скрос сув гравот во тавче, па затоа јас оставив чорбичка погуста да има. Но вие можете да го направите сув гравот да биде. Оваа Македонска тава, како што ја нареков е прекрасна.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови