
Македонска пита со компири
1. Најпрво во тава со загреано масло се пржи кромидот и потоа се додава ренданиот компир.
2. Откога заедно ќе се пропржат се додава солта и биберот.
3. Кога ќе се олади малку филот земаме две кори и двете ги мачкаме со четка со претходно припременото масло вода и маргарин.
4. На втората кора ставаме дел од филот и ги виткаме корите како палачинка.
5. Ги премачкуваме повторно филуваните кори и ги редиме во намастена округла тава од центарот према надвор како на сликата.Така правиме со сите преостанати кори.
6. Ја печеме питата во загреана рерна на 220ст. од 25-30мин. или додека убаво не се испече од двете страни.
7. Кога ќе ја извадиме од рерна ја попрскуваме со малку вода.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови