Тиквичките исечете ги на кругчина и ставете ги во тава со масло да се пржат. Додајте го лукот ситно исецкан и малку сол и пржете ги со повремено мешање додека омекнат.
Во меѓувреме ставете ги макароните во зовриена и посолена вода да се сварат. Потоа исцедете ги.
Откако тиквичките ќе омекнат додајте ги доматите исечени на половина и пржете уште 2-3 минути. Потоа додајте го лососот исецкан на помали парчина и измешајте. Веднаш додајте ги макароните и сол и бибер по вкус. Измешајте ги и послужете ги топли.
По желба може да ги посипете со пармезан или без него може да имате посен ручек со додаток на свежа салата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани