Испечати

Макарони со тиквички и чаден лосос

Макарони со тиквички и чаден лосос

Состојки

  • 320 гр макарони
  • 4 тенки (900 гр) тиквички
  • 150 гр чаден лосос
  • 6-7 шери домати
  • 3 чешнина лук
  • по потреба маслиново масло
  • по потреба сол и бибер

Подготовка

Тиквичките исечете ги на кругчина и ставете ги во тава со масло да се пржат. Додајте го лукот ситно исецкан и малку сол и пржете ги со повремено мешање додека омекнат.
Во меѓувреме ставете ги макароните во зовриена и посолена вода да се сварат. Потоа исцедете ги.
Откако тиквичките ќе омекнат додајте ги доматите исечени на половина и пржете уште 2-3 минути. Потоа додајте го лососот исецкан на помали парчина и измешајте. Веднаш додајте ги макароните и сол и бибер по вкус. Измешајте ги и послужете ги топли.
По желба може да ги посипете со пармезан или без него може да имате посен ручек со додаток на свежа салата.