
23
окт
2019
Макарони со сос од сланина и пармезан
Подготовка на макароните
Во 1,5 л вода, со 1 лажиче готварска сол и малку путер се варат макароните. Кога ќе се сварат се процедуваат да останат без вода и веднаш се полеваат со растопен путер и се промешуваат.
Подготовка на сосот
Во тава на растопен путер се запржува ситно сечканиот кромид. Откако ќе омекне се додава ситно сечканата сланина и се продолжува со пржење додека истата не порумени. Се додава неутралната павлака и убаво се промешува за се да се соедини. Откако кратко ќе зоврие, се додаваат зачините и пармезанот, се промешува и се трга од огинот. Со овој сос се полеваат варените макарони во чинијата.