8
окт
2019
Панцероти со сланина и пармезан
Вкусни и меки панцероти.
Во еден подлабок сад ставаме 100 милилитри млака вода со ½ коцка квасец, 1 лажица шеќер и 2 лажици брашно. Кога квасецот ќе надојде, се додава околу 250 милилитри млеко, 50 милилитри зејтин, 1 лажичка сол, 1 јајце и останатото брашно. Замесуваме средно меко тесто и го оставаме да го дуплира својот волумен.
Сега од тестото правиме 8 топчиња. Од секое топче со сукало сукаме кора со дијаметар 25 сантиметри. Врз кората на едниот крај ставаме 2 лажици пармезан и исечени парчиња сланина. Ја преклопуваме панцеротата, правиме венец и ја ставаме на пек-хартија. Така правиме со сите топчиња. Ги премачкуваме со вода,поросуваме сусам и ги печеме на 200 степени 20 минути.
So casa crveno vino odlicno ke se vklopi.