8
јун
2014
Макарони со сос од мелено месо и зеленчук
Макароните посебно ги вариме. Во друго тенџере прво го запржуваме само меленото месо. Кромидот и пиперките ситно ги сецкаме и ги додаваме во месото да се пржат. Го додаваме и ренданиот домат, сол, зачин , бибер и ловоровиот лист. Додаваме пола филџанче вода за сосот да проврие. (Ако е премногу течно,можете во филџан да размешате малку брашно со вода и да додадете за да згусне). Овој рецепт ми го кажа еден кувар во Крани кој работеше во ресторанот, пред неколку години и одтогаш често го правам. А за сликата излегов на терасата за да сликам, па добро излезе, хахахаха.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови