26
мар
2013
Макарони со брокула и инчуни
Макароните и брокулата искината на цветчина ставете ги заедно да се варат во зовриена посолена вода 10-12 мин. Потоа исцедете ги.
Во тава на маслиновото масло кратко, колку да замириса пропржете го исечканиот лук и инчуните. Додајте ги макароните и брокулата и измешајте ги.
Послужете ги топли.
Оваа количина на состојки е доволна за две порции, но спрема вашата потреба количините на состојки може да ги зголемите и ќе имате брзо и вкусно посно јадење.
Лиценца: Сите права се задржани