Макароните се варат во солена вода со малку зејтин.Откако ќе се сварат се мијат со ладна вода.
Во друго тавче се става маслиново масло и лук да се подзапржи сосема малку,1-2 минути, на тивко. Потоа се ставаат доматите ( излупени и изрендани ако не е се готово пире) и се крчка на тивко 5 минути. Потоа се става босилек и магдонос, био зачин и сол по вкус. Уште неколку минути се крчка и потоа се меша со макароните. Се сервира со сирење рендано и ситно сечкам магдонос

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови