Мазник со сирење
Се замесува убаво меко тесто. Се меси подолго време.
Се остава да одмори 15-20 мин..
Се дели на 6 дела. Од секој дел по 2 топчиња.
Се расукуваат колку плитко тањирче, се премачкуваат со по малку маргарин, а одозгора со масло. Значи се спојуваат две по две, измеѓу маргарин, а одозгора масло.
Се оставаат најмалку 30 мин. да отстојат.
Потоа се развлекуваат, краевите се откинуваат,се прскаат со мрсно и сирење.
За прскање- остатокот од маргаринот стопен (тој што ни остана од 250 гр.) и помешан со околу 200-250 мл. масло.
Се витка ролат, па се реди во тепсија.
Се печат во загреана рерна на 220 додека поруменат. По потреба се намалува на 200 и покрива со алу фолија.
На здравје и за многу години престојниов празник!
п.с. На дополнителните фотографии се гледа дека од оваа количина на тесто направив еден тркалезен со паричка, за празникот и еден реден во плех кој денес се конзимираше.
За квасецот- од еден четврт од коцка квасец-половинка.
Лиценца: Сите права се задржани