Во сад ставете ги брашното и солта и постепено додавајчи ја водата замесите нелепливо тесто. Од тестото кините топчиња и сучите кора во големина на тесијата (мојата беше 38 и направив 21 кора) и печете ја на тивок оган од двете страни на шпорет на дрва.
Откако ќе ги испечите сите кори се прскаат корите.

Водата и солта измешајте ги. На дното од тепсијата ставете 6-7 лажици вода и 3-4 лажици масло.Ставете една кора премачкате ја со 4-5 лажици вода, испарскајте ја со 3-4 лажици масло, повторно кора- вода- масло се додека не се потрошат сите кори.
Ставете ги да се печат на 180-200 С околу 35-40 мин.
Испечениот мазник или преснец попрскајте го со вода покријте го и оставате го малку да олади потоа послужете го.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани