Мадлени
1. Рената се вклучува на 180 ст. Ц. Калапите, ако се метални, се премачкуваат со путер или зејтин и се попрскуваат со брашно, ако се од силикон, само се навлажнуваат.
2. Се матат јајцата и шеќерот со ванилата и пола од млекото додека добијат светло жолта боја. Се додава брашното со прашакот за пециво, малку по малку, со постојано мешање додека не се издначи. Потоа се додава путерот и останатото млеко.
3. Од смесата се става во калапчињата до 2/3 и се печат десетина минути.
4. Кога ќе се извадат од рерна, се оставаат на мрежа да се изладат.
5. Изладени се посипуваат со шеќер во прав.
Мадлените се омилени француски колачиња, кои се јадат со чај или кафе, како ужинка за деца или некоја прослава. На овој основен рецепт може да се додава коричка од лимон, поротокал, чоколада во прав или какао, но секогаш нивното припремање е многу лесно и брзо.
Како и за повекето француски деликатеси, така и за овие колачиња постојат повеке верзии како настанале. Према една, нив прво ги припремила, при крајот на 17 век, извесна Мадлен, млада слугинка кај една маркиза, кога на гости дошол расчинетиот полскиот крал Станислас Лечински, печејки ги во форма на школка.
Према друга, мадлените биле правени и нудени на оние што одат на аџилак, а по трета, дека од крајот на 19 век па се до Втората светска војна, биле продавани во местото Комерси, на патниците од возот, од старана на девојки кои се дереле за да продадат што повеке од преполните кошници. Така, патниците ем јаделе вкусни колачиња, ем се забавувале. Но мадлените станале овековечени, кога Марсел Пруст ја напишал својата автобиографска книга Сеќавање на работите од минатото, каде вкусот на колачињата, го врака авторот во детството. Од тогаш, Прустовите мадлени се симбол во Франција за нешто што создава живописни секавања.
Меѓутоа, кој и да го измислил првиот рецепт, имал одлична идеа, зашто денес го прават многу производители, а е и омилен рецепт на француските домакинки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Формата на калапчињата многу ми е привлечна и ако не ти е тешко ќе те замолам во коментар кога ќе си во можност да ми ги сликаш да видам како изгледаат, па да знам што да барам кога ќе ме удри пазарната треска.
Добре дојде уште еднаш, многу ме радува што си пак меѓу нас и се надевам нема да ми замериш тоа што искрено искоментирав за името :))) Секоја чест до тебе и французите, а јас сум само дрво зелено ;)
Еве најдов нешто слично, само моите се многу поплитки. Ова е неверојатно ефтин калап!
Gi napraviv mnogu vkusni bea.
Fala za recceptot.