Мадлен слатки
Ги матиме пенесто јајцата со шеќерот и ванилата. Го додаваме најпрвин брашното и промешуваме. Путерот го растопуваме и кога ќе подистине го додаваме во смесата.
Мелените бадеми ги додаваме и добро промешуваме да ни се изедначи смесата.
Калапчињата за печење ги подмачкуваме со путер или маргарин и брашно. Смесата ја истураме во модличките.
Ако сакате можете по малку да ги залиете со шербет или да ставите и грозје. Ги печеме на околу 180 до 200 степени околу 15 минути или зависно од јачината на рерната.
Овие вкусни колачи овојпат ги правеше ќерка ми и беа навистина вкусни. Секако ви ги препорачувам. Пријатен апетит.
Лиценца: Сите права се задржани
I ovde: "Sreken ti rodenden" :)