Лосос
1. На дното на садот се ставаат круговите портокал. Парчињата со лосос, јас ги посолувам и зачинувам со бибер. Се премачкуваат со претходно спреманиот сос.
2. За сосот- во сад се помешува растопениот путер со сенфот. Се додава сокот од лимон и зачините, свежиот копар, мајчината душичка, солта и свежо мелениот црн бибер. Со четка го премачкуваме лососот и го редиме врз портокалите.
3. Оставив малку да постојат околу 10 минути. Покриваме со алуминиумска фолија и ставаме да се пече. Печев 15 минути на 200 степени, а потоа ја исклучив рерната и оставив уште 5-6 минути исклучено да постои во рерна. Служев со печена мешавина од зеленчук.
Ви предлагам да се напиете и една чаша добро винце,навистина ќе ви годи.
На здравје
Забелешка
Некогаш го спремам и без портокал на дното. Зависи кога како го имам. Вкусен е и со и без портокал.
Не го печете долго, засушениот лосос не е така добар. Со оваа маринада, можете и да го запржите кратко од двете страни.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
И денес на менито
Важно се гледа ете таму лососот,миризлив и вкусен )))