Локумадес (Грчки крофни)
Во поголем сад во кој ќе месите, ставете го пакетчето сув квасец, солта,шеќерот, 1 мало лажиче брашно, сипајте 250 мл. топла вода.
Оставете 5-10 мин. да се запени квасецот.
Кога се запенил додадете ги останатите 500 мл. топла вода, 1јајце, кората од лимон и сокот, ракијата и измешајте со жица.
Додадете го брашното и мешајте со дрвена лажица да се соедни, ќе добиете прилично меко тесто.
Покријте со проѕирна фолија и чиста крпа, оставете да стасува на топло место или собна температура 1-2 часа, треба да го дуплира волуменот.
Додека тестото кисне спремете го сирупот. Во мало садче ставете ги сите состојки и загрејте ги на среден оган, да се стопи шеќерот и медот да стане течен.
Тргнете го настрана тоа. Во мало чавче ставете вода и оставете таму кај што ќе пржите.
Во поголемо тенерче ставете го маслото и загрејте го да се стопли, кога е загреано со мало лажиче кое ќе го ставате во водата вадете од тестото и ставајте во загреаното масло,привремено превртувајте ги од сите страни да се златно-кафени по боја.
Вадете ги со решеткаста лажица и ставајте ги на кујнска салафетка да се исцедат од маснотијата.
кога сите ќе се готови прелијте ги со сирупот,при послужувањето посипете со цимет(кој сака) и сечкани ореви.
Повкусни се изладени од фрижидер.
Може да ги пржите во Делимано Гурмет, излегуваат многу и се меурести...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Честитки!