Како да ја збогатиме Божиќната трпеза со декоративни рецепти е прашање која секоја домаќинка си го решава на свој начин. Овој рецепт е мал придонес од мене за декоративно и вкусно мини пециво, кое верувам дека ќе ви се најде за празнициве што следат.

Подготовка
1. Го расукуваме лиснатото тесто на набрашнета површина и посипано со брашно. Дебелината треба да ни околу 5 мм, ама може и подебелко.
2. Со помош на голем калап за ѕвезда вадиме парчиња од тестото, а со помош на помал калап вадиме парчиња од салама.
3. На секоја втора ѕвезда од тесто ставаме мала лажичка кајмак, парче салама и прстофат оригано.
4. Од страните премачкуваме со разматена жолчка од јајце.
5. Преклопуваме со друга ѕвезда од тесто, притискаме од страните да ни се залепи жолчката.
6. Одозгора секоја ѕвезда ја премачкуваме со жолчка и ја наросуваме со семиња по желба.
7. Печеме во загреана рерна на 200 степени.

Забелешка
Лиснато тесто можете да си подготвите и сами. Јас го подготвувам по овој рецепт , во кој можете, ако сакате да го изоставите пармезанот во тесто.
По вкус можете да си ставите и парче кашкавал или друга комбинација на вкус.
Ако сакате да ви бидат посветли ѕвездите премачкајте ги со белка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани