Лиснати ролат-кифли
Мирисот на домашните кифлички е еден од најпосакуваните во нашиот дом. Овие путер кифлички се неодоливо вкусни и меки како душа, кои вреди да се пробаат. Не верувам дека ќе ви останат одвишок, но сепак можете да ги замрзнете, па кога ќе имате потреба одмрзнете ги на собна температура.
Подготовка
1. Замесуваме тесто од сите наведени состојки (тестото треба да го замесите на меко, но сепак да не се лепи за рацете).
2. Го оставаме на топло место да стаса (јас кога се брзам го ставам во рерна на 50 степени).
3. Стасаното тесто го делиме на два дела. Од првиот дел на набрашнета работна маса расукуваме правоаголна кора (што потенко), ја премачкуваме со растопениот путер, потоа ја превиткуваме на два пати (од горе - надоле, и обратно). Врз овој дел пак премачкуваме со растопениот путер. Пак превиткуваме на два пати (сега од лево кон десно и обратно) - видете дополнителни слики.
4. Така обликуваното тесто го ставаме во набрашнета чинија и го покриваме да не се подсуши, додека ја повторуваме истата постапка со другата половина од тестото.
5. Сега почнуваме со првиот дел од тестото. На набрашнета работна маса со помош на прстите тестото (исто набрашнето одозгора) го растегнуваме, па со оклагија вртејќи го од едната, па од другата страна го расукуваме во форма на правоаголник (јас со димензии 50цмх35цм). Врз него рендаме фил по желба и завиткуваме ролат.
6. Ролатот го сечеме со остар нож на парчиња со ширина од 3 прсти (од еден ролат испаѓаат 10 парчиња). Постапката се повторува со другата половина од тестото. Парчињата се редат во плех (врз хартија за печење), ги покриваме и ги оставаме да стасаат (околу 20-30 минути). Ги премачкуваме со жолчката, па ставаме сусам.
7. Се печат во загреана рерна на 190 степени до заруменување. Печените кифлички ги поминуваме одозгора со путер, па ги покриваме со чаршафче, па најлонско ќесе. Нека постојат така 10-на минути, па уживаме во нивниот вкус.
Забелешка - Ако се одлучите за фил од кашкавал, доволно ви е 200 гр кашкавал.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани