Лиснати ролат кифли
Подготовка:
1. Изварката (урдата) измешајте ја со јајцата.
2. Во топлото млеко растворете го квасецот и додајте ги шеќерот, солта, маслото, јогуртот и јајцата. Убаво промешајте.
3. Постепено почнете со додавање на брашното. Не го додавајте наеднаш, затоа што често пати може да има потреба од помалку или повеќе брашно од пропишаната количина. Крајниот резултат треба да е убаво, мазно, меко, нелепливо тесто. Месете го 5-6 минути. Прекријте го со крпа и оставете го да скисне.
4. Кратко премесете го и поделете го на 5 дела. Маргаринот исто на 5. Секој дел исучете го, премачкајте го со маргарин и здиплете го како за лиснато тесто. Направете го тоа со сите дела и ставете го во фрижидер половина час.
5. Секој дел од премачканото тесто, исучете го во правоаголна форма и премачкајте го со 1/5 од изварката со јајцата. Свиткајте го во ролат. Исечете парчиња со дебелина отприлика 2цм. Парчињата редете ги на плехови прекриени со хартија.
6. Откако ќе ги изработите сите пет дела приклучете ја рерната на 200 степени. Кога ќе се загрее почнете со печење, а претходно кифлите премачкајте ги со јајце.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови