21
мај
2012
Лиснати ленти со маслинки
Лиснатото тесто тенко се сучи. На едниот лист се редат маслинките во растојание од 2 см. Во еден ред идат некаде 4 масликни одприлика. Празниот простор помеѓу маслинките се премачкува со разматената жолчка со млеко. Се поклопува со другиот лист лиснато тесто и добро се притиска помеѓу маслинките добро да се залепи. Се остава 20 мин. во фрижидер за полесно да се исечи. Со остар нож, прво сециме помеѓу редовите, а потоа и секоја трака на среде преку маслиннките. Исечените ленти се редат на пек хартија и се печат околу 10 мин. на 200 степени, додека не поруменат. Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
Сметајте дека треба да испаднат поубави и поизразити од сликата. Кога следниот пат ќе ги правам, ако може ќе ја сменам или некој ако стави во коментар сигурно ќе има поубава сликаод оваа ;). Ги испеков на несоодветна температура, па малку повеќе зинаа :) ... а можеби и не доволно добро ги притиснав... грешка кога се брза :Р
не си ги испекла на погрешна температура, таман се, лиснато така треба да личи. прашај лиснато јадачки екперт како мене :) :) :) :)