Испечати

Лиснати ленти со маслинки

Лиснати ленти со маслинки

Состојки

  • 2 листа лиснато тесто
  • 1 рака зелени маслинки полнети со пиперка
  • 1 жолчка
  • 1 лаж. млеко

Подготовка

Лиснатото тесто тенко се сучи. На едниот лист се редат маслинките во растојание од 2 см. Во еден ред идат некаде 4 масликни одприлика. Празниот простор помеѓу маслинките се премачкува со разматената жолчка со млеко. Се поклопува со другиот лист лиснато тесто и добро се притиска помеѓу маслинките добро да се залепи. Се остава 20 мин. во фрижидер за полесно да се исечи. Со остар нож, прво сециме помеѓу редовите, а потоа и секоја трака на среде преку маслиннките. Исечените ленти се редат на пек хартија и се печат околу 10 мин. на 200 степени, додека не поруменат. Добар апетит!