Лиснати корички
Во сад со брашно додаваме сол и шеќер.
Квасецот го разматуваме со малку вода, шеќерче и мало лажиче брашно. Оставаме да надојде.
Додаваме во брашното.
Постепено додаваме млака вода и замесуваме лепливо тесто.
Тестото веднаш го префрламе на набрашнета маса, па растапкуваме со раката колку да се направи рамна површина.
Додаваме малку брашненце одозгора и повлекуваме со сукалка за да ја израмниме кората.
Ја премачкуваме цела со стопен маргарин, па ја преклопуваме како на сликите.
Прво едната страна до половина, па долната страна пак до половина да се спојат. Па страничната страна до половина и другата странична до половина, за да испадне како квадрат. (ја диплиме )
Пак расукуваме кора во долж и пак истата постапка ја повторуваме.
Третиот пат кога ја расукуваме пак во долж кората, само ја попрскуваме со урда ама цела ја постиламе со урда убаво.
Потоа ја диплиме пак кората и полека со сукалката само лабаво ја минеме кората.
Премачкуваме со белка помешана со масло и наросуваме со сусам убаво низ цела површина.
Сечеме ленти па од лентите коцкички и веднаш ги редиме во тава за печење.
Не се стасуваат туку веднаш се печат во рерна. Прекрасен појадок за вас и вашите најмили. Нас ни се допадна , а вие ќе кажете...
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови