Лисната пита со сирење и маст
Факт е дека најмеките теста се подготвуваа со свинска маст, ама и највкусните. Ќе ви презентирам интересна пита со сирење или урда, по желба, која и не е некоја филозофија за подготовка, само е единствен начинот на мачкање и сечење на тестото.
Подготовка
Се замесува тестото од наведените состојки и веднаш се дели на два дела (едниот малку поголем од другиот). Се расукува во круг и премачкува секој дел со половина од маста.
Во внатрешноста се сечат два круга, па се сечат парчиња од средината кон краевите на кругот од тесто, со тоа што првиот внатрешен круг не се засекува. Секо парче со намачканата страна се става кон внатре и се редат едно врз друго, па со долното тесто се покриваат и се формира топка. Така со двете теста и се оставаат во фрижидер ½ час.
Се расукува едното тесто во големина малку поголема од тавчето во кое се пече и се става во тавчето. Се попрскува кората со малку стопена маст и со филот. Другото тесто го расукуваме во големина на тавчето и го ставаме врз филот. Правиме витка од првото тесто и ја премачкуваме со јајце и ја попрскуваме со сусам. Ја печеме во загреана рерна на 250 степени.
Забелешка
Јас печам во округло тавче во големина на мојата рерна.
За филот ги кршиме јајцата и ги мешаме заедно со сирењето.
Може да се направи со фил од зеље по вкус и желба.
Лиценца: Сите права се задржани