25
дек
2013
Лимонова торта
Најпрво се уработуват јајцата со шеќерот во сад за матење со жица. Потоа се додава маслото за јадење, сокот и кората од лимонот, брашното и прашокот за печиво и се мати со жицата додека смесата не стане хомогена и пенеста. Смесата се префрла во тава за печење бр.30.
Одозгора се поросува со сецканото чоколадо и се печи 40 минути на 180 степени во загреана рерна. Готовата торта се поросува со шеќер во прав.
Рецептот за тортата неодамна ми го даде драга пријателка кој во оваа прилика ја поздравувам и еве веќе неколку пати ја правам за дома и за пријатели околу празнициве, многу ја бендисавме уште еднаш и се заблагодарувам за рецептот.
Лиценца: Сите права се задржани