Испечати

Лимонова торта

Лимонова торта

Состојки

  • 6 јајца
  • 1 и пола шолја шеќер (од 250мл)
  • пола шолја масло за јадење
  • сок и кора од 1 лимон
  • 2 шолји брашно
  • пола кесичка прашок за печиво
  • 50гр. сецкано чоколадо
  • малку шеќер во прав за поросување

Подготовка

Најпрво се уработуват јајцата со шеќерот во сад за матење со жица. Потоа се додава маслото за јадење, сокот и кората од лимонот, брашното и прашокот за печиво и се мати со жицата додека смесата не стане хомогена и пенеста. Смесата се префрла во тава за печење бр.30.
Одозгора се поросува со сецканото чоколадо и се печи 40 минути на 180 степени во загреана рерна. Готовата торта се поросува со шеќер во прав.

Рецептот за тортата неодамна ми го даде драга пријателка кој во оваа прилика ја поздравувам и еве веќе неколку пати ја правам за дома и за пријатели околу празнициве, многу ја бендисавме уште еднаш и се заблагодарувам за рецептот.