Подготовка:

1. Јаготките се сецкаат на парчиња и се ставаат во една поголема тегла. Се додава шеќерот и водката и убаво се затвора теглата.

2. Се чува на темно место и повремено се клацка теглата. Во првите денови тоа почесто правете го, за да се стопи шеќерот. Јас ја отворив за 2 недели, иако и за една недела, ако ви се брза, исто така е солиден.

3. Процедете го и соберете го во шише. Чувајте го на ладно место или во фрижидер.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови