20
јун
2014
Ликер од кора од портокал
Ликер што лично мене ми е еден од омилените. Портокалите се ставаат во водата и оцетот измешано да стојат 15 минути за да излезат сите хемикалии доколку се прскани, потоа се лупат и кората се сецка на ситно, се додава во ракијата и се промешува убаво. Се додава и шеќерот и пак се промешува се затвора и се остава на темно 10 дена. Секој ден се промешува. По десет дена се процедува и се собира повторно во шише. Се надевам ќе го пробате и ќе ви се допадне.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови