Испечати

Ликер од кора од портокал

Ликер од кора од портокал

Состојки

  • 500 мл домашна ракија
  • 6 супени лажици шеќер
  • 2 портокала ( кората )
  • За киснење на протокалите
  • 300мл вода
  • 3 супени лажици јаболков оцет

Подготовка

Ликер што лично мене ми е еден од омилените. Портокалите се ставаат во водата и оцетот измешано да стојат 15 минути за да излезат сите хемикалии доколку се прскани, потоа се лупат и кората се сецка на ситно, се додава во ракијата и се промешува убаво. Се додава и шеќерот и пак се промешува се затвора и се остава на темно 10 дена. Секој ден се промешува. По десет дена се процедува и се собира повторно во шише. Се надевам ќе го пробате и ќе ви се допадне.