13
ное
2017
Ликер од грозје
Ликер од грозје Зрната грозје убаво измијте ги и оставете да се исцедат.
Во стерилизирани садови редете еден ред зрна од грозје, па едно лажиче шеќер.
Меѓу, или странично ставете ја кората од портокал и стапчето цимет,
па продолжете со редење, грозје па шеќер. Кога ќе го наполните
садот одозгора ставете две полни лажици шеќер и
налејте со алкохолот по ваша желба.
Затворете и оставете садот да стои на светло место најмалку 4 недели.
Повремено протресувајте го садот за да може шеќерот да се растопи.