Зрната грозје убаво измијте ги и оставете да се исцедат.
Во стерилизирани садови редете еден ред зрна од грозје, па едно лажиче шеќер. Меѓу, или странично ставете ја кората од портокал и стапчето цимет, па продолжете со редење, грозје па шеќер. Кога ќе го наполните садот одозгора ставете две полни лажици шеќер и налејте со алкохолот по ваша желба. Затворете и оставете садот да стои на светло место најмалку 4 недели. Повремено протресувајте го садот за да може шеќерот да се растопи.

Напомена
Јас количината на состојки ја поделив во две шишенца од по 250мл. Во секое од нив ставив по половина стапче цимет и по едно парче 5-6см кора од портокал, одозгора завршив со по една полна лажица шеќер. Користев коњак.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани