5
јул
2018
Ликер од вишни
Вишните заедно со сокот кој ќе го испуштат при чистењето ставете ги во поголемо шише со широк отвор или поголема тегла. Врз нив ставете го шеќерот и налејте со румот. Затворете го убаво садот и оставете да отстои 6 недели. Повремено протресете го за шеќерот да се истопи.
После 6 недели, процедете го ликерот и ставете во шишиња. Вишните може да ги искористите за подготовка на десерти или како додаток на коктели.
Напомена
Вишните и не мора да ги чистите од семките. Едноставно избодете ги на неколку места со нож или вилушка и така ставајте ги во садот.