Испечати

Ликер од вишни

Ликер од вишни

Состојки

  • 500 гр чистени вишни (без семки)
  • 300гр кандис шеќер (шеќер во гранули)
  • 400мл бел рум (или водка, бела ракија)

Подготовка

Вишните заедно со сокот кој ќе го испуштат при чистењето ставете ги во поголемо шише со широк отвор или поголема тегла. Врз нив ставете го шеќерот и налејте со румот. Затворете го убаво садот и оставете да отстои 6 недели. Повремено протресете го за шеќерот да се истопи.
После 6 недели, процедете го ликерот и ставете во шишиња. Вишните може да ги искористите за подготовка на десерти или како додаток на коктели.

Напомена
Вишните и не мора да ги чистите од семките. Едноставно избодете ги на неколку места со нож или вилушка и така ставајте ги во садот.