Колач за роденденот на мојот син.
Подготовка:
1. Тесто: количините кои се дадени се за 1 тесто, такви три треба да се направат. Изматете ги двете белки во цврст шам. Јајцата и шеќерот матете ги додека побелат и се згуснат. Додајте ги белките, измешајте, па додадете го брашното и лешниците. Промешајте убаво и на крај се додава стопениот путер. Се пече на прекриен плех на 180 степени загреана рерна. Кога ќе оладат со четче се премачкуваат со млекото.
2. Крем со кафе: во 70 мл топла вода растворете го кафето. Жолчките заедно со брашното измешајте ги во мал дел од млекото. Останатиот дел од млекото заедно со шеќерот и раствореното кафе ставете го да зоврие и ставете ги жолчките. Сварете крем. Кога ќе се олади, прво изматете го путерот и продолжете со матење постепено додавајќи од кремот.
3. Ганаш: Сварете ја слатката павлака и измешајте ја со чоколадото и путерот. Истото направете го и со павлаката и чоколадото кои се за премачкување.
4. Се реди прво кора, ½ крем од жолчките, кора, ганаш, кора, другата половина од кремот со жолчки. Одозгора се премачкува со чоколадото со павлака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови