
Лешник бомбици
Неодоливо вкусни.
Од вкупната количина на лешници се оставаат околу 40, (кои се ставаат внатре во бомбицата) а другите се мелат.
Маргаринот убаво се мати со шеќерот во прав се додека стане кремаст, пенлив и побели.
Се додаваат и другите наведени состојки и смесата убаво се соединува, изработува. Се земаат топчиња, се расплескуваат на дланка, им се става по едно лешниче и се оформува бомбицата.
Се чоколадираат.
Чоколадото се топи над пареа, му се додава маслото, убаво се изедначува. Чоколадирате како што ви е најлесно.
Може да се свалаат во мелени лешници или пак да се ставаат во форми во претходно чоколадирани силиконски калапи.
Лиценца: Сите права се задржани